Денес во Законодавниот дом, ќе се оддржат седници на комисиите за труд и социјална политика, како и екологија, транспорт и врски.
Предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за водите и на Законот за заштита на природата во прво читање, се денес на дневниот ред на Комисијата предвидена за транспорт, врски и екологија.
Комисијата предвидена за труд и социјална политика, во рамки на својата седница ќе го разгледува и расправа Годишниот извештај за работата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2019. година. Меѓудругото ќе се разгледаат и ревидираните финансиски извештаи на оаа институција, како и Финансискиот план на истата.
Предлог-одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2021 година, исто така ќе биде на дневниот ред на оваа Комисија.