Денес ќе се достави извештајот за автопатот Охрид-Кичево, Бочварски не сака да прејудицира дали ќе се раскине договорот со „Синохидро“

од Nikola Popovski
179 прегледи

Очекувам денеска да биде доставен извештајот на ФИДИК експертите до ЈПДП и потоа да биде аплицирана информација на Влада и наредната недела да ја разгледаме таа точка заедно со директорот на ЈПДП и експертите, со што сите министри во Владата ќе бидат информирани за состојбите и за да го одбереме најдобриот модел за овој значаен инфраструктурен проект, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски за се уште недовршениот автопат Кичево-Охрид.

Бочварски не сакаше да прејудицира дали ќе биде раскинат договорот со кинеската компанија Синохидро.

-Најважно е секој чекор кој што ќе го направиме како држава во идниот период, во насока на проектот, да биде согласно насоките на експертите, рече министерот по увидот на санираните улици од поплавите во Делчево.

Кинеската компанија „Синохидро“ има рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид до 31 декември годинава. Последниот анекс за продолжување на рокот на изградбата на овој автопат беше усвоен во август 2021 година, кога владата и Собранието на оваа компанија им дадоа дополнителни месеци за неговото завршување. Првичниот рок за завршување на оваа автопатска делница беше 2018 година.

Слични содржини