Денес ќе се избира наследникот на Весна Дамева

од Nikola Popovski
114 прегледи

Судскиот Совет денеска на седница ќе избира нов претседател, откако сега веќе поранешната претседателка Весна Дамева во декамври даде неотповиклива остака, поради како што рече, политички притисоци. Изборот веднаш по оставката беше одложен поради комплетирање на составот на Советот со избор на два нови членови од редот на судиите.

Првиот човек на Судскиот совет и неговиот заменик се избираат од членовите со право на глас, откако Уставниот суд во март 2023 година го укина ограничувањето тие да се избираат само од редот на членовите што ги избира Собранието.

Претседателот на Советот се избира со најмалку осум гласа од членовите на Советот со право на глас.

Советот се состои од 15 члена, од кои осум ги избираат судиите од нивниот ред, пет ги избира Собранието, од кои двајца ги избира претседателот на државата. Членови на Советот по службена должност се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои учествуваат во работата на Советот без право на глас.

Петмина од членовите од редот на судиите беа израни минатата година. Во декември судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип, претходно во септември беше избрана судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје како член на советот од редот на судиите припадници на заедниците, кои се помалку од 20 проценти од населението во државата, додека во јуни нови членови станаа судиите Исамедин Лимани од Врховниот суд и Александар Камбовски, од битолското апелационо подрачје.

Парламентот во декември минатата година изгласа негативен извештај за работата на Судскиот, што го отвори прашањето за разрешување на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието, а за ова неколкупати се изјасни премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Оценската мисија на ЕУ веќе даде серија препораки за надминување на проблемите во правосудството.

Слични содржини