Денес ќе се знае новата цена на струјата од Нова година

од Nikola Popovski
274 прегледи

Денес ќе се знае цената на струјата од Нова година. Регулаторната комисија за енергетика ќе објави и колкав ќе биде надоместокот за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

Надлежните тврдат дека нема да има ценовен шок. Енергетските компании бараат зголемување од 27 проценти, но првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски уверува дека компаниите нема да добијат толку висок процент. Новата ставка, надомест за пренос и дистрибуција ќе ја плаќаат сите, без разлика дали трошат или не струја. Сумата би се движела од 50 до 250 денари.

Поевтинување ќе има кај ставката мрежарина, за која корисниците реагираат дека некогаш ја надминува и сумата за самата потрошена енергија. Според регулаторна, овде намалување би било за 20%.

Привршува и сотирањето на броилата за дневната евтина тарифа од 13 до 15 часот.

Според одлуките на комисијата цената на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на МЕПСО за 13, 37 проценти и на МЕМО за речиси  36 отсто, но ова енергетско тело има незначително учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Слични содржини