Денеска 1- ви Ноември, нема да има „Марш на ангелите“, бидејќи е Задушница, информираа од Здружението на граѓани „16-ти март 2025“.
„Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“, стои во објавата на Здружението на социјалната мрежа Фејсбук.
Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани изминатата сабота го одржаа 28. „Марш на ангелите“, барајќи правдата и вистината за овој случај да излезат на виделина.