Денес нестабилно со пороен дожд и грмежи

од Nikola Popovski
291 прегледи

УХМР известува дека времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Кон крајот на денот атмосферата насекаде ќе се стабилизира. УВ индексот ќе биде 7.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19 степени Целсиусови, а максималната од 20 до 29 степени Целсиусови.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено претпладне.

Температурата ќе се искачи до 28 степени.

Потоа, како што информира УХМР, веќе од утре следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Слични содржини