Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), на ден 20.04.2023год., ќе биде затворена за сообраќај Делницата Велес – Градско (во близина на винарија Стоби) од 08:00 – 18:00 часот, информираат утрово од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, појаснуваат од АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.