Денес прва видео конференција Скопје-Брисел за мигрантската криза

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Портпаролот на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, Маргаритис Шинас, денеска ги повика земјите кои минатата недела учествуваа на мини самитот за западнобалканската мигрантска рута во Брисел, да што поскоро почнат да ги применуваат планот на Јункер од 17 точки.

margaritis-shinas-640x400

-„Нема време за губење, мора што побрзо да се делува.“-изјави денес Шинас пред новинарите и нагласи дека ЕУ е подготвена да ја пружи потребната помош за примена на планот.

Шинас најави дека лицата за контакт, кои во меѓувреме се именувани за размена на информации и координација за движењето на мигрантите, денес ќе одржат видео конференција.

-Тоа ќе биде прилика да се соберат информации што е досега сработено“- реле Шинас.

Контакт лице од Македонија е државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска, а во Србија тоа е министерот за социјални прашања Александар Вулин.