Денес шест пациенти се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Министерството за здравство информира дека денес 6 пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство.

Пет од нив се од Србија (3 од КБЦ Ниш и 2 од ВМА Белград).

Исто така, од Италија се враќа еден пациент.

Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите.

Кај останатите пациенти во странство кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.

Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.

Министерството за здравство и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.

Слични содржини