Денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди претпладне и во јужните делови од земјата, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб претежно јужен ветер, само во североисточните делови ветерот ќе биде западен. УВ индексот ќе биде 5.
Во утринските часови температурата се движат во интервалот од 8 до 17, а во текот на денот од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди претпладне и со слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Температурата ќе се искачи до 31-от степен.
Во следните денови ќе се задржи и понатамау топло. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот.