Денес сончево со температури до 19 степени

од Nikola Popovski
105 прегледи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, известуваат од УХМР.  Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје утре сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.