368
Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните набавки ќе се најде денес пред пратениците, како дел од денешната собраниска 32 седница.
Според собраниската прес-служба во Законодавниот дом денес ќе се одржат две седници.
Најавата е да продолжи триесетата седница на чиј дневен ред се повеќе предлог закони по скратена постапка.
Меѓу законите кои се на дневен ред се аконите за употреба на знаковниот јазик,за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, за заштита од вознемирување на работното место, за практиканство и други.