Денес заврши расправата по измените на Законот за урбанистичко планирање

од desk4
189 прегледи

Денеска заврши расправата за предложените измени на Законот за урбанистичко планирање по скратена постапка. Ова е дел од пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д. Ќе има дополнително гласање за предлог законот.

За време на дебатата, обвинија од опозицијата дека европското знамеце повторно е злоупотребено и дека Договорот за „Бехтел и Енка“ е склучен врз непостоечки закони. Опозицијата додаде и дека со Договорот „Бехтел и Енка“ и со останатите закони се руши целокупниот систем на планско планирање и градење во Македонија.

Владејачкото мнозинство тврдат дека опозицијата преку манипулации ја замајува јавноста, и дека овие измени на законот не важат само за еден проект, туку важат и за сите други државни патишта, железници и магистрални гасоводи, кои се планирани за изградба за наредниот период. Планираните проекти би биле изградени по брза постапка за да се овозможи побрз развој на економијата.

Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото праша како може проценката која е направена во 2018, дека овие коридори ќе чинат 600 милиони евра, сега пораснала на 1,6 милијарди евра. Тој посочи дека во овој закон за урбанистичко планирање се прикриени и оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство.
Тој додаде: -Начинот на кој Благој Бочварски и Артан Груби сакаат да го протуркаат овој закон беше со наоѓањето на врвни експерти од делот на урбанизмот кој се нафатија да се потпишат на некој закон со кој се суспендира целата постапка за изградба или се суспендира она што важи законска регулатива за сите останати субјекти во Република Македонија.

Пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ во репликата до Здравковски истакна дека измените на законите се направени единствено за ажурирање на детектираните точки кои во изминатиот период оневозможувале работите да се движат побрзо, и ништо друго, а се останато, рече таа, се шпекулации.

 

Слични содржини