Денеска е најкраткиот ден во годината

од Vladimir Zorba
406 прегледи

Денеска, 21 декември, е најкраткиот ден во годината.

Ќе трае 9 часа, 2 минути и 41 секунда – за разлика од ноќта која трае 14 часа и 58 минути.

Денеска е зимската краткоденица, а астрономската зима ќе се случи точно во 17 часот и 59 минути.

По 21 декември денот ќе почне да се зголемува – првично за неколку секунди, а по пролетната рамноденица на 20 март и за речиси 3 минути дневно.

Најдолгиот ден во годината е 21 јуни или летната краткоденица. Годинава тоа траеше 15 часа, 19 минути и 39 секунди – близу 6 часа и 17 минути повеќе од денес, 21 декември.

Зимската краткоденица кај нас во 2022 година ќе се случи на 21 декември во 22:47 часот, а во 2023 година – на 21 декември во 04:27 часот.

Со оваа астрономска појава се поврзани многу астрономски празници и обичаи.

Слични содржини