Што ќе се случуи ако само еден ден не ги измиете забите?

од Stefanija Kuzmanovska

Миењето заби е исклучително важна хигиенска навика. Стоматолозите предупредуваат дека 24 часа е максималниот период за кој можете да ги оставите забите неизмиени во исклучителни случаи – последиците можете да ги забележите по само еден ден.

За повеќето, миењето заби е хигиенска навика која вклучува четкање двапати дневно. Сепак, ново истражување открива колку луѓе всушност не го прават тоа.

Додека над две третини од жените ги мијат забите најмалку два пати на ден, само половина од мажите велат дека толку често посегнуваат по четка за заби, според истражувањето на Top Rated Casinos.

Д-р Рона Ескандер, стоматолог, ги објасни последиците од немиење на забите подолго од 24 часа. Таа истакна дека максималното време во кое може да се остават забите неизмиени е 24 часа.

„Надвор од оваа точка, собирањето на наслаги станува значајно, зголемувајќи го ризикот од проблеми со забите“, нагласи таа.

Сите забораваме да ги миеме забите од време на време, но треба да се напомене дека е важно тоа да се прави два пати на ден – наутро и навечер. Д-р Ескандер вели дека ако треба да избереме, полоша опција е да не ги измиеме забите навечер, отколку наутро.

Таа вели дека „за време на спиењето се намалува производството на плунка, што им овозможува на бактериите побрзо да се размножуваат“.

Исто така, додава дека четкањето на забите пред спиење помага да се отстранат честичките од храната и бактериите кои можат да доведат до кариес „преку ноќ“.

Меѓу последиците кои може да ги забележите ако не ги измиете забите само еден ден се:

Наслаги се насобираат во рок од неколку часа

Прескокнувањето на употребата на четка за заби значи дека бактериите во устата се хранат со честички од храна и произведуваат киселина, вели д-р Ескандер.

„За неколку часа, наслаги почнуваат да се создаваат на вашите заби“, вели таа. Наслагите се леплив слој на бактерии кој може да доведе до расипување на забите и болести на непцата. Во рок од еден ден, без четкање, може да имате чудно чувство на јазикот кога ќе го поминете преку забите, што укажува на таложење на наслаги“, изјави таа.

Со текот на времето, може да се формира и камен – кој може да го отстрани само стоматолог. Покрај четкањето на забите, конецот може да помогне да се заштити секој дел од забите од наслаги.

Лош здив

Лош здив исто така може да се појави ако не ги миете забите.

„Бактериите во устата ослободуваат миризливи соединенија кога ги разградуваат честичките од храната, предизвикувајќи лош здив“, вели д-р Ескандер.

Таа додава дека одржувањето на добра орална хигиена и хидрираноста можат да помогнат да се спречи лошиот здив.

Доколку редовно го прескокнувате четкањето на забите, долгорочно е многу поверојатно заболување на непцата, предупредува стоматологот.

Слични содржини