Денеска е погребот на Низама Хеќимовиќ – убиена од монструмот од БиХ

од Nikola Popovski
982 прегледи

Низама Хеќимовиќ (38) која во петокот беше убиена од нејзиниот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ денеска во 16 часот и 30 минути ќе биде испратена кон вечното почивалиште во Мионици-Крчевина.

Погребот ќе биде во џамијата во истата населба, пишува „Дневни аваз“.

Низама зад себе остави татко, мајка, сестра и ќерка која беше сведок на грозоморното убиство.

Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ ја уби Низама бидејќи го пријавила во полиција за семејно насилство. Тој на социјалните мрежи го пренесуваше убиството на Низама, а потоа продолжи со крвавиот пир во кој уби вкупно тројца и рани уште три лица.

Слични содржини