Специјално обвинителство има , ама кога ќе почне да процесуира и кога главниот опонент Марко Зврлевски ќе почне вистински а не декларативно да соработува е дилемата на сите кои очекуваат ефикасност.
Засега не се знае дали Катица Јанева навреме ќе ги добие информациите кои минатата недела ги побара од Зврлевски. Од канцеларијата на јавниот обвинител на РМ не одговораат кога ќе го пратат статистичкиот преглед на сите отворени предмети поврзани со нелегалнотот прислушување кој го побара Јанева. Молчат и од специјалното обвнителство дали добиле некои информации но и дали имаат други барања до Марко Зврлевски.
Прашањето, колку и како ќе соработува Зврлевски по барањата на Јанева, е важно затоа што специјалната обвинителка најави дека потоа ќе почне да ги бара и предметите за „бомбите“. а секако и се тоа е врзано со роковите и спроведувањето на договорот од Пржино. Впрочем целта е расчистување на тие предмети , и тоа по итна о брза постапка, а не влечење со години како во редовните судови и обвинителства. Се тоа треба да се заврши или да се гледа крајот пред изборите во април, за да може граѓаните да имаат јасна слика пред да гласаат за или против власта , која е обвинета за корупција, криминал, крадење на изборни гласови , атак врз демократијата, судствтото , слободата на граѓаните и медиумите.
Минатата среда,специјалната обвинителка Катица Јанева ги побара првите податоци, таа се повика на членот од 11 од Законот за специјално обивнителство кој меѓудругото вели:
Специјално јавно обвинителство: (11. XI. 2015)
„По писмено барање од Јавно Обвинителство, јавните обвинителства се обврзани, во рок од 8 дена, да предадат кој било предмет по кој постапуваат“.
Следниот ден обвинителството потврди дека го примиле барањето, но не го споменаа законскиот рок за одговор:
Јавно обвинителство на РМ (12. XI. 2015)
„По барањето се постапува, по што бараните податоци ќе бидат доставени во најкраток можен рок.“
Сепак очекувани се блокадите на работата на специјалната обвинителка, исто како и на другите обврски на договорот од Пржино. .Специјалното обвинителство се уште не е ниту вселено во просториите кои требаше да ги има уште пред еден месец. Целиот процес се држи на кратко јаженце , поради иницијатавата на Тодор Петров за оценка на уставноста на Законот со кој се формираше обвинителството. Со медиумите преговорите исто така ќе се влечат и ќе се судираат различни толкувања, преодната влада е голема енигма како меѓусебно ќе се блокираат министрите. Таму византиските игри се слуѓаат веќе преку мегафоните и медиумските труби кои на големо дуваат на сопки и блокади. Целиот тој амбиент според извори од преговарачкиот процес, и покрај определбата за оддржување избори на посочениот датум , можно е да предизвикаат и поместување , токму поради намерното одогвлекување и блокада од страна на власта која и натаму ги контролира сите институции и главните медиумите
.Во целиот процес клучна е работата на специјалното обвинителтво, а тоа за сега е специјално по само по назив и по блокада.