Денеска ќе биде погребан сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора, ќе биде погребан денеска попладне во кралската крипта на замокот Виндзор во кругот на семејството поради ограничувањата наметнати како дел од борбата против коронавирусот.

Погребот ќе започне во 15 часот и 40 минути кога поворката со ковчегот ќе тргне од приватната капела во замокот со погребен марш и едноминутно молчење низ целата земја, соопшти Бакингемската палата.

По завршувањето на службата во капелата Свети Џорџ, архиепископот од Кантербери ќе даде благослов откако ковчегот ќе се спушти во кралската крипта.

Според здравствените мерки што се во сила во Англија, на збогувањето ќе присуствуваат само 30 гости, од кои повеќето се членови на кралското семејство.

Принцот почина на 9 април на 99-годишна возраст.

Погребот ќе се пренесува во живо на телевизија.

Слични содржини