Денеска ќе бидат објавени пресудите за дел од обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“.
Условно да се казнат поранешата министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заменичката – министерка за правда Билјана Бришковска-Бошковски како и Мартин Протуѓер, екс шефот на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, а на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески да му биде намалена казната побара обвинителката Лиле Стефанова на минатото рочиштето тие и уште четворица други, целосно или делумно признаа дека се виновни за злоупотреба на службената положба и за изборни нерегуларности.
Освен тие што признаа вина обвинети во Титаник се и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, екс генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, поранешниот пратеник Илија Димовски, некогашниот градоначалник на Пустец Едмонд Темелко како и уште други 12 обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Судењето за останатите обвинети во случајот кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март.