Денеска ќе се одржат седници на три комисии

од Nikola Popovski
279 прегледи

Во  Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за култура и за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за култура е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од Жаклина Лазаревска и Ферид Мухиќ), точка која е на дневен ред и на седницата на Законодавно-правната комисија.

Оваа комисија денеска ќе одржи уште една седница, на чиј дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија, по скратена постапка, поднесен од пратениците Мира Стојчевска, Агим Шаќири, Кети Смилеска, Анета Симеска Димоска, Мирослав Јовановиќ, Панче Иванов и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка, поднесен од пратениците Реџаиљ Исмаили, Анета Симеска Димоска, Александар Филиповски.

Седница денеска ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која ќе биде организирана јавна расправа по Предлог законот за изменување на Изборниот законик.

Слични содржини