Денеска ќе се знае новата цена на парното

од Nikola Popovski

Регулаторна комисија за енергетика за денеска најави повеќе детали околу новата цена на снабдувањето со топлинска енергија.

На прес-конференцијата, закажана во 13 часот, ќе се обрати претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој ќе ги презентира одлуките од денешната седница во врска со цената на топлинската енергија.

Тендерот за избор на нова компанија која ќе ги грее скопјани од октомви сѐ уште не е објавен. Тоа ќе се случи наредните денови и до крајот на септември ќе се знае точно дали тоа ќе го прави ЕСМ, или некоја друга компанија.

До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на БЕГ.

Слични содржини