Денеска веројатно е финалната средба на која лидерите треба да соопштат дали се договориле за излез од кризата, или истата ќе се продлабочува и понатаму и ќе добива порадикална димензија.НЕ е исклучена и средбата да се помести за некој ден, сепак преговорите не запираат.
Според информации од сите страни во преговорите а тоа се власта опозицијата и меѓународните олеснувачи преку амбасадорите, американецот Џес Бејли и европеецот Аиво Орав,останува да се додефинира само заминувањето на Груевски. Другите точки со горе-долу прифатливи и се договараат од двете страни. Никола Груевски всушност е кочницата за решението за излез од кризата, односно, тајмингот на неговото тргање од кормлото на владата . Тој соочен со аргументите ,знае и прифаќа да не биде на чело на владата за спроведување на изборите но проблемот се месеците колку пред изборите.
Опозицијата бара најмалку 6, Груевски и власта се согласни за 3 месеци. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев вчера во текот на целиот ден со своите партиски тимови преговараат и усогласуваат за да ја дефинираат успешноста на денешната закажана лидерска средба.
И по големата прослава на Денот на независноста на САД синоќа во американската амбасада во Скопје, додека сите славеа , на гала приемот, всушност тимовите на власта и опозицијата , Заев и Груевски тие беа само на пауза од преговорите.Според извори на Локално тие дента уште од 09 наутро на неколкупати имале директни средби во американската амбасада како и со амбасадорот Џес Бејли.
![gruevski-zaev[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/06/gruevski-zaev1.jpg)
Некаде околу 23 часот синоќа почнала уште една заедничка средба, втора во текот на вечерта за да се прецизира понуденото пред денешната лидерска средба на која треба да објават дали постигнале договор или не околу преодната влада.
На прославата и двајцата лидери беа оптимисти дека ќе се најде решение, и ја префрлаа топката секој на другиот во стилот дека „ моето е кажано, а другиот сега нека се мисли“ !
Груевски таму прашан од еден амбасадор – „премиере, како сте?“, му врати – „никогаш подобро“.
Заев имаше подолг разговор со американскиот амбасадор Бејли, најверојатно околу преговорите за преодната влада.
Двајцата заминаа од приемот пред 22 часот а нашите извори велат дека на барање на Груевски, околу 23 часот е побарана уште една средба и барање за да размислело уште малку, пред дефинитивно соопштување на ставот.Нема информации дали тоа ќе ја измести денечната лидерска средба.
Од опозицискиот табор велат дека тие синоќа му го дале на Груевски нивниот финален предлог, а ако не го прифати, тогаш нема ништо од договорот од Пржино од 2 јуни. Најголемиот проблем, според партиски извори е повлекувањето на Груевски од премиерската функција, односно, кога тоа би се случило.
Денеска , како што е најавено, лидерската четворка со странските монитори треба да има средба и да се знае, успеале ли власта и опозицијата да се договорат, или не.
Нејзино евентуално одложување , ќе значи мало купување на времето, пред да се соопшти конечната понуда за излез од кризата.
На 13 јули во рамките на турнејата во регионот во Скопје ќе допатува Викторија Нуланд, помошничката-државен секретар во американскиот Стејт Департмент задолжена за Европа и Евроазија, која ќе има средби со владини претставници и со лидерот на опозицијата Зоран Заев. Многумина и тој датум го земаат за крај на преговарачкиот процес и шансата за дијалог меѓу власта и опозицијата , по кој датум ако нема попуштање, веројатно шанса ќе добијат други радикални решенија и покомплициран излез од кризата и лидерството во Македонија.