326
По 26 години од поднесувањето на обвинението, поранешниот командант на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, денес ќе се соочи со конечната пресуда.
Конечната пресуда против Младиќ е закажана за во 15 часот во Хаг. Според неговиот син Дарко Младиќ, поранешниот командант на ВРС ќе се појави на изрекувањето на пресудата.
Заедно со Младиќ, советникот на неговиот правен тим, адвокатот Пета-Луиз Багот од Англија, ќе биде во судницата. Хашкиот трибунал го поднесе првото обвинение против Младиќ во ноември 1995 година.
Тој беше во бегство до крајот на мај 2011 година, кога беше уапсен во селото Лазарево во близина на Зрењанин и екстрадиран во Хаг.