Денеска на анкетна сослушување на Груевски

од Vladimir Zorba
103 прегледи

 Листата е направена и богата со премиерот и неговите министри,а сослушувањата на сведоците треба да заврши до 22 јануари.Не се знае само дали ќе почне денеска. Се најави лично тој, премиерот Никола Груевски .LIDERI-2-Gruevski

 Треба да дојде но вчера  избегна да им  потврди на новинарите додека сечеше ленти на тие секојдневни предизборни дешавки . Планирано, најавено, ама остануваат отворени прашањата околу деталите за неговото денешното можно сведочење пред  Анкетната комисија за прислушувањето.

Терминот го одбра тој самиот, откако минатата недела беше службено отсутен.  Неизвесно е и дали седницата ќе биде отворена за јавноста, иако  Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, најави дека ќе инсистира на тоа. anketna_komisja-2

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, најавија дека ќе инсистираат на затворање на седницата.

На поканите за сведочење досега не се одзваа ниту министерот за финансии, Зоран Ставревски ниту  шефот на премиерскиот кабинет,  Мартин Протуѓер,  како и поранешните функционери Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски. Ставревски само писмено најави дека може да дојде на 17-ти, а останатите воопшто не се  ни огласија.