Лидерите на земјите членки на НАТО денеска ќе се соберат во Вилнус на дводневен самит на Алијансата, на кој ќе се занимаваат со широк спектар на прашања, а главна тема ќе биде како членките ќе одговорат на барањето на Украина за влез во НАТО.
Дополнително, претставниците на членките на НАТО ќе се осврнат и на прашањето за членството на Шведска, на што Турција се противи, а Унгарија исто така има свои резерви.
Самитот ќе започне околу осум часот наутро, кога ќе се одржи воведен разговор со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој ќе се обрати пред медиумите во 10 часот.