Денеска почнува исплата на јунските пензии

од Берта Китинска
223 прегледи

Од денска започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Коронавирусот.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи и тоа според висината на пензијата.

За пензии со висина до 11.000 денари исплатата ќе се изврши денеска, за пензии од 11.001 до 14.000 денари исплатата е во среда, за пензии од 14.001 до 18.000 денари ќе биде на први следниот месец, а за пензии над 18.001 денари исплатата ќе се изврши на 2 јуни – петок.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денска.

Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, велат од Министерството.

Слични содржини