Денеска почнува судењето на Тачи, Весељи, Сељими и Красниќи

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Судењето на поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи денеска треба да започне со воведните зборови на обвинителството и одбраната, две и пол години од нивното апсење и притворањето во Хаг, каде се уште се наоѓаат.

Специјализираното обвинителство денеска ќе го изнесе воведниот збор за што му се дадени најмногу пет часа, а потоа воведниот збор ќе го прочита и застапникот на жртвите, кој има на располагање 45 минути.

Потоа, секој од четирите тимови од одбраната ќе има можност да ги претстави своите воведни зборови, кои се закажани за 4 април.

Слични содржини