Денеска пресуда за Сашо Мијалков за случајот „Тортура“

од Берта Китинска

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје започна судскиот процес за носење пресуда за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за случајот „Тортура“, кој се однесува на нечовечкото аспење на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.

Предметот „Тортура“ се однесува на начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година. Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Слични содржини