122
Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Додаваат дека особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).
Снег ќе има само на повисоките врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.
Температурата во утринските часови ќе биде од 0 до 7 степени, а во текот на денот од 4 до 14 Целзиусови степени.