Денеска протест за малиот Алиу во Куманово

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Денеска во Куманово невладината организација Зани (Глас) под мотото „За правда” организира протестен марш на кој ќе бара целосно расветлување на случајот со намерното убиство- газење на четиригодишниот Алмир Алиу.

 prot

И покрај тоа што некои политички партии и поединци сакаа на овој случај да му дадат политичка и етничка димензија, членови на инволвираните семејства на овој банален случај, Илиќ и Алиу, по погребот на малиот Алмир  , побараа да не се злоупотребуба смртта на детето , и ги повикаа државните органи да го решат случајот и побараа максимална казна за напаѓачот.

Во информацијата на невладината организација Зани се вели дека на протестниот марш ќе се изрази „револтот против грозниот чин на убиството на Алмир. Овој протест се одржува со намера да се крене гласот против сите оние кои се обидуваат да ја убијат нашата иднина, нешто што никогаш нема да го дозволиме. Секој кој извршил такво дело треба да бидат казнет со максимална казна“.

 

Четиригодишното дете пред една недела заедно со своите родители беше намерно прегазено од Бојан Илиќ во близина на кумановската болница, само поради тоа што поради итност на случајот преку ред влегло во ординација во кумановската болница, а кога излегле надвор Бојан Илиќ ги прегазиле Седат Алиу, неговото четиригодишно дете и неговата сопруга.

ПО повредите пред три дена им подлегна на повредите.  Извршителот на оваа злодело Бојан Илиќ  се наоќа во притвор , а поднесена кривична пријава за обид за насилство и обид за убиство, а по смртта  на детето ,истата ќе биде преиначена  за убиство.

Слични содржини