Денеска протести пред Идризово- ќе излезе ли брат Љубе од затвор на 8 март?

од desk4
95 прегледи

download (26)

Активисти и членови на партијата на Љубе Бошкоски за денеска најавија протест пред затворот во Идризово.  Демонстрациите се закажани за во  11 часот, а преку оваа форма на изразување на незадоволството  ќе биде повикан директорот на затворот, Живко Пејковски да одговори чии наредби спроведува и дали е подготвен да ја презема одговорноста за намерното продолжување на престојот на Љубе Бошкоски во затворот во Идризово.

Според партијата, Љубе Бошкоски треба да излезе од затворот најкасно до вторник, но директорот Пејковски се уште не го потпиша решението со кое ќе биде пуштен три месеци порано, акт кој го следува екс министерот за внатрешни работи,  ако се суди по праксата, дека секој затвореник  ја добил во негова корист.

Од партијата на Бошкоски порачаа дека ги знаат  нарачателите кои побарале да остане Бошкоски во затвор додека не поминат изборите на 5 јуни, а како што најавија, ќе ги соопштат на јавноста.

Инаку, според пресудената затворска казна, Љубе Бошкоски треба да излезе од затвор на 06 јуни, датум кој означува точно пет години одлежување во затвор поради кривичното дело во случајот “Кампања”.

Бошкоски во 2011 година беше осуден прво на седум години, па потоа Апелација ја преиначи на 5 години затвор за злоупотреба на службената положба и злоупотреба на средства од изборната кампања.

download (27)

Бошковски беше уапсен ден по изборите, на 6 јуни пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение дека незаконски ја финансирал изборната кампања и во три наврати од загрозениот сведок зел 130 илјади евра за незаконско финансирање на кампањата. Претходно, Бошкоски помина над три години во притвор во затворот во Шевенинген, по што во 2008 година доби ослободителна пресуда од Хашкиот трибунал.

Во меѓувреме, на 8ми април продолжува судскиот процес “Ровер”, во кој осуден беше и Бошкоски под обвинените дека како министер за внатрешни работи, ветил прикривање на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година.