Денеска протестираат синдикалците на „Повелбата“ и антивладините „Протестирам“

од Vladimir Zorba
89 прегледи

 

Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права денеска  организира протестен марш со почеток од 18 часот пред Дом на градежници во Скопје.

13076949_1207133592660656_7903391943216119015_n-670x250

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија го испраќатија и проглас за заедничка борба за работнички права

Шарената револуција ќе продолжи утре. Денеска граѓанското здружение „Протестирам“ соопшти дека ќе ги поддржи десетте синдикати што ќе организираат Второмајски марш и ќе им се приклучи на работниците денеска во 18 часот пред Домот на градежници во Скопје.

протестирам

Од „Протестирам“ информираат дека нивниот протест продолжува  утре се до исполнување на нивните барања меѓу кои се и оставка на претседателот Ѓорге Иванов, повлекување на неговата одлука за аболиција, одложување на изборите од 5 јуни и др.