Денеска во во скопскиот Кривичен суд, треба да почне судењето на Зоран Заев во случајот „Пуч“ ,откако претходните неколку рочишта беа одложени поради тоа што лидерот на СДСМ Заев не се појавуваше.
![]()
Последното рочиште беше одложено поради Денот на дрвото и презакажано за денеска. Сепак, неизвесно е дали судењето ќе почне бидејќи во меѓувреме Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција му го предаде предметот на специјалното јавно обвинителство. Специјалното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, пак, донесе одлука дека е стварно надлежно обвинителство да постапува по овој случај Не е исклучено на денешното рочиште да има и специјален обвинител од кај Јанева
На последното рочиште, судијката Љубинка Башеска се закани дека Заев ќе биде стражарно приведен ако не се појави во судница, по што од СДСМ рекоа дека партискиот лидер ќе дојде на судење кога случајот ќе го преземе специјалната обвинителка.