Работните групи за имплементација на договорот од Пржино продолжуваат и денеска со работа. Вчера ДУИ преку својот лобист европскиот дипломат Питер Фејт, ги отвори етничките прашања пред работната група.

Тој ги презентирал анализа до каде е спроведувањето на рамковниот договор, иако против него изразиле незадовослтво останатите бидејќи немал конкретни бројки туку паушално тврдења.
Освен анализата на Фејт, вицепремиерот Фатмир Бесими го презентирал акцискиот план на Владата во однос на реформите кои треба Владата да ги спроведе согаласно договорот од Пржино, извештајот на европската комисија и на Прибе. СДСМ побарале во него да бидат вградени и нивните забелешки.
Останува голема работа на изборната тема и спротиставените позиции за учество на дијаспората, како и темата медиуми кој само се начна информативно, задржувајќи се само на тоа како да се известува за време на избори, без да се деталзираат причините зошто така се известува. Останува изборот која тема ќе добие приоритет, иако и за двете нема премногу време за надмудрувања и калкулации.