Во текот на денечниот ден Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ќе донесе конечна одлука дали техничките министри ќе останат во Владата и како ќе се постапува понатаму, изјави синоќа пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов на Топ тема на Телма.

„Ние немаме проблем со тоа колку оваа коалиција го крши Уставот, ова е кршење на Уставот. Она што децидно можам да го кажам е дека СДСМ нема да учевствува на изборите на 24 април“, изјави Шилегов на Телма.