Од Министерството за образование велат дека сега се создадени услови за започнување на учебната година со физичко присуство. Конечната одлука ќе биде донесена денеска во Влада. Во ваквиот предлог од министерството влијаеше и големиот број на вакцинирани наставници и вработени во училиштата, кој моментално е 62% од вкупниот број на вработени во училиштата. За подобра заштита од Ковид 19 МОН подготви и протоколи.
„Во насока на започнување на новата учебна година се и протоколите за заштита од Ковид- 19, за настава со физичко присуство, кои се изработени од страна на МОН и веќе усвоени од Комисијата за заштита од заразни болести, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата“, велат од Министерството за образование и наука.
Владата планира наствата во училиштата да се одвива со физичко присуство поради високиот опфат на вакциниран кадар во образованието, а подготвени се и соодветни епидемиолошки протоколи.
“На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координбативен кризен штаб (ГККШ), кој го водеше премиерот Заев беше оценето дека се создадени услови, почетокот на новата школска година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во Одлука која ќе биде донесена на наредната Владина седница, соопштија од владата.
Во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, според членовите на Штабот е големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар (моментално 60 проценти се вакцинирани, а се очекува до септември зголемување до 80% вакцинирани од вкупниот број вработени во училиштата). Во оваа насока, се и протоколите, изработени од епидемилози, кои веќе се донесени за настава со физичко присуство, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата“, стои во соопштението на владиниот кризен штаб.