Денеска се очекува да почне испораката на 2 милиона литри српско масло за јадење

од Берта Китинска
262 прегледи

Денеска би требало да почне организацијата за товарење и испорака на српски зејтин во земјава, информираат за МИА од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Србија во петокот ја донесе одлуката за извоз на масло за јадење во Северна Македонија. Како што соопшти тогаш министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се работи за два милиони литри зејтин.
Според него, овие количини се за потребите од еден месец, но доколку се процени дека има потреба, можно е да се реализира дополнителен увоз.

Слични содржини