Денеска сончево време со максимални 17 степени

од Nikola Popovski
114 прегледи

Утрово времето ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Дневната температура ќе достигне до 14 степени.

За време на викендот и во почетокот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.