Денеска судење на студентот кој учествуваше на протест

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 Денеска  ќе се одржи судење на девет лица за учество во толпа помеѓу кои е и еден член на Студентскиот пленум. Кривичната пријава е покрената по протестите од 5 мај истиот ден кога СДСМ ја објави «бомбата» за обидот за криење на убиството на Мартин Нешковски. Нa 5 мај пред Владата дојде до судир со полицијата.

ст

Адвокатскиот тим кој ќе ги застапува осомничените ќе бара укинување на мерката притвор но и разврска на процесот во само еден ден сметајќи дека тоа е изводливо по новиот Закон за кривична постапка.

Студентскиот пленум најави прес конференција и можност за протест за време на одржувањето на денешното  судење и сакаат да знааат зошто била донесена мерката притвор за овие луѓе.

„Центарот за слобода «Цивил» бара веднаш да им се вратат телефоните на демонстрантите кои на 5 мај беа лишeни од слобода 24 часа. На демонстрантите по ослободувањето, им беа одземени телефоните со аргумент дека ќе бидат потребни за понатамошната истрага. Телефоните на притворените се земени без судски налог а тоа е кршење на закон.“ соопшти «Цивил».Организацијата побара и ослободување на студентите од Студенскиот пленум за кои е покренато обвинение за кривично дело – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.