На четворица демонстранти денеска ќе им се суди во Кривичниот суд за учество во толпа, поради демонстрации пред Владата за убиството на Мартине Нешковски. Ова е третата група од уапсените демонстранти.
Вчера двајца демонстранти кои ја признаа вината за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службена должност беа ослободени од притвор. Тие добија условна казна од три месеци затвор кои нема да се извршат доколку во период од една година не направат друго кривично дело.
За едниот од нив одредена е и дополнителна мерка, лекување од алкохолоизам во психијатриска установа во тек на една година, со тоа што редовно ќе се јавува на лекување за терапија, а доколку се откаже од лекувањето казната ќе се активира. Тој досега неуспешно се лекувал 62 пати од зависност од алкохол.
Демонстрантите рекоа дека изјавите ги даваат доброволно и свесно. Тие се на возраст од 1974 до 1989 година.
В петок ќе има сослушување за двајца демонстранти.
