Денеска со почеток во 18.30 часот, во Кампот на слободата ќе започне уште еден протестен марш за оставка на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Маршута: Камп на слободата пред Влада, Илинденска (Министерство за одбрана), Рузвелтова (Агенција за млади и спорт), Партизанска, Климент Охридски, Камп на слободата пред Влада.
“Ние, граѓаните, на 3 јуни 2015 година, среда, во 18.30 часот, масовно ќе го изразиме својот револт од актуелната власт и ќе бараме оставка од владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Граѓанскиот протестен марш ќе започне од кампот на Слободата пред Влада и ќе продолжи низ улиците на Скопје.
Ги повикуваме сите граѓани да излезат на протест. Ова е борба меѓу граѓаните и врхушката на Груевски и Ахмети. Ова е борба за враќање на општеството и државата во рацете на граѓаните на Македонија!
Затоа, ајде, сите заедно уште еднаш громогласно и едногласно да побараме оставка од Владата и формирање преодна влада која ќе обезбеди фер и демократски избори” – стои во сопштението на Граѓаните за Македонија.
