Денеска во 14 часот бомба за изборите во општината Центар

од Vladimir Zorba
95 прегледи
Во паркот Капиштец во скопската општина Центар денеска во 14 часот градоначалникот на општината Андреј Жерновски ќе објави нови аудиоснимки за локалните избори во 2013 година.
Screenshot_26-685x320

Во една од „бомбите“ велат, за А1 он, извори од СДСМ се слуша како Никола Груевски договара физички напад врз Жерновски.  Тоа велат од СДСМ е ден пред нападот и демолирањето на општината од така наречените „верници“.

Аудио снимките од прислушуваните разговори се однесуваат и на изборните манипулации за време на локалните избори во општина Центар кога власта по 10-годишно владеење ја изгуби оваа општина.