Денеска вонредна седница на универзитетскиот Сенат на УКИМ за скандалозните студентски избори

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Преиспитување на присуството на студентски претставници во сите тела на УКИМ и разгледување на случувањата за време на студентските избори ќе бидат точките на дневниот ред на денелната  вонредна седница на универзитетскиот Сенат.

9cefe1b3-7ba1-4e16-b6ca-03cde09a7871_tv

Професорот Зоран Киткањ, еден од 16-те членови кои побараа вонредна седница, вели дека мора да се утврди легитимитетот на студентските претставници кои учествуваат во Ректорската управа.

На Сенатот, меѓу другото, ќе се дискутира и за тоа дали студентите се способни да спроведат избори без надзор на универзитетските власти. Студентскиот пленум смета дека ниту Парламентот, ниту Пленумот немаат капацитет сами да спроведат избори.

Според Статутот на УКИМ, Ректорската управа и Сенатот немаат правна можност за поништување на студентските избори. Ова беше повторено и на вчерашната вонредна седница на Ректоратот, кој остро ги осуди настаните од денот на изборите, но остави на Пленумот и Парламентот да најдат решение.

Пленумците, сметаат дека универзитетските власти треба да добијат ингеренции за поништување на изборите, бидејќи, како што велат, така ќе се утврди легитимитетот на студентските претставници.

Во меѓувреме беа формирани комисии за истражување на случувањата, како и за промени во Статутот.

Извор: 24 Вести

Слични содржини