Власта и опозицијата за половина час треба да ги продолжуат преговорите за имплементирање на договорот на Хан од Пржино и неговиот протокол, со кој треба да се најде излез за политичката криза во земјава. Денеска и утре на преговарачката маса повторно се измените на Изборниот законик.

Како што најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тие се блиску се до решение за прочистување на Избирачкиот список, задолжителна активна регистрација од врата до врата, како и за составот на Државната изборна комисија.
Околу изборот на членови на ДИК испаќа дека е го прифатлив предлогот на СДСМ според кој тие ќе се бираат по формулата 3+3+3, односно тројца членови да бидат на предлог на власта, тројца од опозицијата и на нив да им се приклучат тројца експерти кои ќе бидат бирани со двотретинско мнозинство во Собранието.
СДСМ е и за активна регистрација на гласачите, со задолжително пријавување. ДПА имаат предлог, пријавувањето на гласачите во избирачкиот список да биде комбинирано. Тоа значи, тврдат нашите извори, во рок од четири месеци, два месеци да се прави теренски попис на полнолетните граѓани, од врата на врата, а два месеци да биде оставен простор за задолжителна регистрација.
ДУИ пак е за сегашниот избирачки список со негово прочистување, а ВМРО-ДПМНЕ иако начелно прифатиле активна регистрација, досега не се изјаснила за нејзиниот начин (дали да биде задолжителна или не), иако се наклонети и кон предлогот на ДУИ за проветрување на избирачкиот список.
Прашањето за дијаспората досега не е мрднато од мртва точка и партиите стојат цврсто на своите ставови. ВМРО-ДПМНЕ е за да остане досегашниот принцип на гласање на дијаспората во три изборни единици, а СДСМ е дијаспората да гласа, но важноста на гласот на иселениците да биде ист со оној на гласачите кои живеат во Македонија.
Засега нема потрвда дали денеска ќе се дискутира и за прашањето за промена на изборниот модел што во јавноста го отворија партиските лидери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.
Очекувањата се дека во наредните два дена би требало да се постигне договор за дел од отворените прашања за Избирачкиот законик.
Исто така, далеку од договор е прашањето околу изборот на специјален јавен обвинител. СДСМ се залага за обвинител како посебна институција, независна од Јавното обвинителство и со ингеренции кои ќе бидат посочени во нов специјален закон, дедека ВМРО-ДПМНЕ е за избор на обвинител во рамките на постоечкото Обвинителство и постоечкиот закон.
Се очекува дека утре четврток )претставниците на политичките партии ќе имаат состанок на кој повторно ќе се дискутира за правната рамка за специјалниот јавен обвинител.
Министерот за правда Аднан Јашари вчера за телевизијата Алсат М, рече дека за специјалниот обвинител е потребен специјален закон, и дека неговата независност не може да се обезбеди со правење на законски измени на Законот за јавно обвинителство.СДСМ пак вече понуди законска рамка за решавање и функционирање на специјалниот јавен обвинител кој треба да биде избран до 15 септември.