Продолжува политиката, на владата на премиерот на заминување Никола Груевски, на купување и вложување во старите пензионери. Предизборно со нив повторно обид да бидат подлажани за да гласаат за Груевски или само за тој што им фрла по нешто. За нив, трошки , за него купишта ,а за студентите кои се иднината на државата- странство, коментираат повеќето граѓани од средната класа и родителите на младите чии деца заради бесперспективноста на државата си заминуваат во странство.
Нашите деца со факултети ќе чмаат во безизлезот ќе учат по руинираните студентски домови , и потоа ќе прибираат денар по денар за да си купат билет во еден правец, и да си заминат од државата во која иднината се пензионерите, реагираат граѓаните незадоволни од ваквата политика на власта.
Во октомври 2016 година ќе има ново покачување на пензиите од 650 денари. Средствата за новото покачување се веќе обезбедени со предлог Буџетот за 2016 година, а дали истиот ќе се полни со нови кредити и задолжувања нема информација.