Денеска заседава САС на МПЦ. Закажан е и Сабор на СПЦ. Од донесените одлуки ќе зависи дали СПЦ и МПЦ-ОА ќе ги продолжат преговорите кои подолг период се блокирани.

Она што може да се претвори во проблем меѓу црквите е тоа што, иако беше ослободен Јован Вранишковски, Врховниот суд ја укина пресудата за неговата слобода. Владиците на МПЦ-ОА се надеваат дека српските владици нема да се налутат за ова и уште еднаш да ја постават слободата за Вранишковски како услов за продолжување на преговорите. Меѓу двете цркви посредува Руската правиославна црква. Нејзин претставник дури и го посети Вранишковски в затвор пред тој да биде ослободен. По кратко време властите го пуштија од затвор.
Во досегашните прегвори МПЦ не прифака ништо освен автокефален статус, а СПЦ бара само на широка автономија.