Првиот Дигитален самит на Западен Балкан завршува денеска во Скопје. Македонскиот премиер Зоран Заев на вчерашното отворање изјави дека „дигиталната револуција ги отстранува граничните бариери“.

Според учесниците на самитот, иднината на човештвото е во дигиталната техника која пак, отвора нови можности и им помага на граѓаните и државите.