265
Четиридневната прослава на платинестиот јубилеј по повод 70-годишнината од тронот на кралицата Елизабета завршува денеска со свечена поворка во центарот на Лондон, а се очекува десетици илјади луѓе да учествуваат на уличните забави ширум земјата.
Пејачот Ед Ширан и повеќе од 100 важни луѓе кои Велика Британија ги прогласи за „национално богатство“ ќе им се придружат на воените бендови, изведувачите и играчите на парадата во главниот град, пренесува „Ројтерс“.
Последниот ден од церемонијата доаѓа откако принцот Чарлс ѝ оддаде лична почит на својата мајка на поп-концертот пред Бакингемската палата во саботата вечерта, што беше еден од многуте настани по повод платинестиот јубилеј.