Денко Малески: Идејата за бонус пратеници е на диктаторот Мусолини

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Првиот човек на владејачката партија не разбрал се уште дека проблемот во македонскиот политички систем не е во слабата власт па дека таа треба да се зајакнува, туку во неконтролирната власт. И ако тој елементарен факт не е разбран, тогаш морам да кажам дека не очекуваат многу, многу тешки денови, вели во интeрвју за порталот Нова ТВ, професорот Денко Малески, поранешен министер.

денко

– Инаку, самата таа идеја за воведување на некаков бонус на добитничката партија за да може уште поцврсто да вледее, е идеја на Бенито Мусолини кој ја афирмира на изборите во 1924 година и со тоа си обезбедува 20-годишна диктатура над Италија која завршува како што знаеме во Втората светска војна и ја знаеме личната судбина на Бенито Мусолини.
Тоа се применува само во две-три земји во Европа, во Грција, во Италија и во малата град-држава Сан Марино, и барајќи информации низ интеренет видов дека кога на Англичаните им било предложено да се воведе таков бонус систем луѓето од колевката на демократијата со 97 проценти отфрлиле секакво размислување за тоа – вели Малески.

Според него, за таа идеја не треба ниту да се разговара ниту да се размислува, но ја покажува состојбата на умор на духот на водачот на вледејачката партија кој после се, се уште не разбрал дека не слаба туку неконтролирана власт е нашиот проблем и дека враќање кон демократијата, враќањето кон воспоставување политички баланс во општеството каде што државата пробила буквално се, пробила во цивилното општество, пробила во личниот живот на луѓето преку оние ужасни работи врзани за снимање на оние 20.000 граѓани – сето тоа зборува за неконтролирана власт.

– Никакви бонуси за било која идна власт, ова се однесува на било која власт. Ние со такви играарии треба да престанеме. Ако победи СДСМ на следните избори неговата власт треба да биде контролирана од опозицијата која би била ВМРО-ДПМНЕ. Своевремено Макијавели рекол дека владетелите робуваат на својот каректер и дека во еден момент тој карактер придонесува за подем на државата, но кога околностите ќе се сменат а карактерот не може да се промени, тогаш владетелот е во неволја – вели Малески за порталот Нова ТВ.