Денков: Вистинскиот „слон во собата“ е кога С. Македонија ќе ги прифати уставните измени

од Nikola Popovski
640 прегледи

Вистинскиот „слон во собата“ е кога Република Северна Македонија ќе ги усвои измените на својот Устав. Ова го рекол бугарскиот премиер Николај Денков, кој на Фејсбук страницата на бугарскиот Совет на министри одговарал на прашања на неговите граѓани.

-Во моментов решавачкиот чекор е целосно кај Република Северна Македонија. За да почнат преговори за пристапување на земјата во Европската унија (ЕУ), тие мора да го променат својот Устав. Очигледно, ова е тежок процес за нив и на некој начин болен. Тие треба да го направат тоа бидејќи тоа е во срцето на т.н европски компромис од минатата година, врз основа на францускиот предлог, порачал Денков.

Според него, „европскиот компромис“ содржи и други одредби кои мора да се следат во текот на преговорите. Како што вели, рие се поврзани со заштитата на граѓанските права на луѓето со бугарски идентитет.

-Значи строго ќе ги следиме овие услови, овие инструкции кои се дадени во т.н европски компромис. Ништо повеќе не се бара од нив, прашање е дали се подготвени да поминат низ овој процес, рекол тамошниот премиер.

-Подготвени сме да продолжиме со работата на коридорите, на зголемување на трговската размена, културна размена, но без да се реши клучниот проблем не можеме да очекуваме сериозни резултати. Од наша страна отворени сме за се што е позитивно, додал Денков.

Бугарскиот премиер посочил дека разговарал со некои европски лидери, при што изјавил дека се испраќаат погрешни сигнали до Македонија.

-Имаме многу јасна основа за нашиот однос и тоа е во овој „европски компромис“. Секој обид да се излезе од него, ќе го попречи процесот, одговорил Денков.

Слични содржини